Џез
музички стил / From Wikipedia, the free encyclopedia
Џез (англ. jazz) е музички стил кој се појавил во почетокот на 20 век во афроамериканските заедници во јужниот дел на Соединетите Американски Држави. Настанал со мешање на африкански и европски музички традиции. Уште од раните почетоци па сè до денес, џезот црпел инспирација од американската популарна музика на 19 и 20 век. Западноафриканското влијание може да се препознае во упоребата на сини ноти, импровизација, полиритмија, синкопирање, шема на “повик и одговор” и разнишана нота. Зборот „џез“ (во раните години нарекуван и џес) првично бил термин во сленгот на западниот брег и се користел за означување на музиката во Чикаго околу 1915 г. Од почетоците на раниот 20 век, џезот развил повеќе поджанрови: “диксиленд” во Њу Орлеанс, кој датира од раните 1910-ти години, потоа „свинг“ во бигбенд стил од 1930-тите и 1940-тите години, “би-бап” од средината на 1940-тите години, „фри-џез“ и разновидност на латинскиот „џез-фужн“ како афрокубанската музика во 1950-тите и 1960-тите, „џез-фужн“ во 1970-тите, „ејсид-џез“ во 1980-тите (во кој има комбинација од фанк и хип-хоп елементи) и „ну-џез“ во 1990-тите години. Како што оваа музика се ширела низ светот така се менувала според локалната, државната и регионалната музичка култура, притоа адаптирајќи се на средината која и дала можност за развивање на многу различни стилови.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |