Пирамида (геометрија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пирамида или шилник — геометриско тело составено од основа која претставува многуаголник, и онолку ѕидови (бочни страни) колку што има страни основата. Всушност, пирамидата е рабесто геометриско тело (полиедар) кој е ограничен со еден конвексен многуаголник, а останатите ѕидови се триаголници што имаат заедничко теме и по една заедничка страна со многуаголникот. Конвексниот многуаголник се вика основа на пирамидата, а триаголниците се викаат бочни ѕидови и ја сочинуваат обвивката на пирамидата. Нивната заедничка точка се вика теме на пирамидата. Притоа, пирамидата чија основа е правилен многуаголник, а бочните рабови се еднакви меѓу себе, се вика правилна пирамида.[1]
- За другите значења на поимот видете ја страницата за појаснување.
Повеќе информации Пирамида ...
Пирамида | |
---|---|
Страни | n триаголници, 1 n-аголник |
Рабови | 2n |
Темиња | n + 1 |
Група на симетрија | Cnv, [n], (*nn), ред 2n |
Вртежна група | Cn, [n]+, (nn), ред n |
Дуален полиедар | самодуален |
Својства | испакнат |
Затвори
Пирамидата е дефинирана:
- Кога основата (која претставува многуаголник) е поставена во теоретска рамнина
- Постои висина, чија почетна точка е во рамнината
- Крајните точки на висината се споени со основата