Знаме
From Wikipedia, the free encyclopedia
Знаме е парче ткаенина, поголемо или помало, обично правоаголно во форма и разнобојно, кое е обесено на јарбол или друг погоден држач, може да се носи прицврстено за столб или копје, може да стои на маса на специјални штандови или да виси од носач под агол од 45 степени. Знамето се користи за идентификација или сигнализација. Вообичаено е знамињата да имаат една од пократките страни прицврстени на јарболот и да летаат хоризонтално, иако е можно тоа да се направи и поинаку. Повеќето знамиња во последно време се изработени од полиестер, додека во минатото се користеле разни ткаенини, меѓу другите свила, тафта, памук, лен и волна.