From Wikipedia, the free encyclopedia
Антителата (или имуноглобулини) се серумски гликобелковинии т.е. белковини кои се образуваат по навлегувањето на антиген во организмот и можат посебно да се поврзуваат со него.
Тие се специфични бидејќи препознаваат само одреден антиген, и таа реакција на сврзување на антиген со антитело е наречена антиген-антитело реакција. При оваа реакција опасниот антиген се уништува, а човечкиот организам долго време е заштитен.
Антителата припаѓаат на гама глобулините. Тие се создаваат и секретират од активираните B-лимфоцити - плазмоцити кои даваат одговор на антигенски стимул. Се содржат во крвниот серум, во лимфата, во минимални количини во меѓуклеточните простори или урината. Се наоѓаат и на површината на циркулирачките В-лимфоцити.
Антителата се тешки белковини (~150 kDa) со големина од околу 10 nm,[1] кои се состојат од три глобуларни региони во форма на буквата Y.
Има 5 класи на имуноглобулини (Ig) - IgA, IgD, IgE, IgG и IgM.
Име | Типови | Опис | Комплекси на антитела |
IgA | 2 | Го има на слузници, како црева, респираторен тракт и урогенитален тракт, и ја спречува колонизацијата на патогени.[2] Исто така го има и во плунката, солзите и мајчиното млеко. | |
IgD | 1 | Антигенски рецептор на Б клетки кои не биле изложени на антигени.[3] Ги активира базофилите и маст клетките да произведуваат антимикробни фактори.[4] | |
IgE | 1 | Се врзува со алергени и предизвикува ослободување на хистамин од маст клетките и базофилите. Исто така штити од паразитски црви.[5] | |
IgG | 4 | Со неговите четири форми, го обезбедува најголемиот дел од имунитетот посредуван од антитела против патогени.[5] Претставува единствено антитело кое може да ја премине плацентата и да обезбеди пасивен имунитет на фетусот. | |
IgM | 1 | На површината на Б клетките се наоѓа како мономер и во неговата секретирана форма како пентамер. Ги елиминира патогените во раните фази на имунитетот посредуван од Б клетките пред да се достигнат поголеми количини на IgG.[3][5] |
Оваа медицинска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.