Шуга
From Wikipedia, the free encyclopedia
Шуга е заразна инфестинација на кожата која ја предизвикува Sarcoptes scabiei.[1][2] Најчести симптоми се силно изразен јадеж и карактеристични кожни промени.
Шугата е едно од трите најчести кожни заболувања кај децата, заедно со дерматофитозите и бактериските инфекции.[3] Во 2015, околу 204 милиони луѓе имале шуга (2.8% од светското население).[4] Подеднакво се јавува кај двата пола.[5] Почесто се зафатени помладите и постарите.[6] Исто така почесто се јавува во земјите во развој и оние со тропска клима.[6] Зборот скабиес доаѓа од латински: scabere, „гребе“.[7] Други животни не го пренесуваат човечкиот скабиес.[1]