From Wikipedia, the free encyclopedia
Штефан Ефенберг (роден на 2 август 1968 година, во Хамбург) — германски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред.
Штефан Ефенберг | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 2 август 1968 | ||
Роден во | Хамбург, Германија | ||
Држава | Германија | ||
Висина | м | 1,88||
Играчки податоци | |||
Позиција | среден ред | ||
Повлекување | 2004 | ||
Младинска кариера | |||
Викторија Хамбург | |||
Б. Менхенгладбах | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1987-1990 | Б. Менхенгладбах | 73 | (10) |
1990-1992 | Бајерн Минхен | 65 | (19) |
1992-1994 | Фјорентина | 56 | (12) |
1994-1998 | Б. Менхенгладбах | 118 | (23) |
1998-2002 | Бајерн Минхен | 95 | (16) |
2002-2003 | Волфсбург | 19 | (3) |
2003-2004 | Ал-Араби | 15 | (4) |
Репрезентација ‡ | |||
1991-1998 | Германија | 35 | (5) |
Раководител на екипите | |||
2015–2016 | Падерборн 07 | ||
* Ажурирано на: 25 април 2012 ** Ажурирано на: 6 септември 2011 |
Во сезоната 2015-2016, Ефенберг ја водел екипата на Падерборн и тоа за сега му е единствениот тренерски ангажман во кариерата.
Ефенберг е роден во Хамбург и ја започнал својата кариера во малку познатиот клуб Викторија Хамбург. Во 1986 година се преселил во младинскиот тим на Борусија Менхенгладбах, каде одиграл една сезона, а веќе за следната бил промовиран во првиот тим. Во сезоната 1988-1989 на возраст од 20 години веќе станал стандарден првотимец на Борусија. Во 1990 преминал во Бајерн Минхен, каде го освоил Суперкупот на Германија и бил вицешампион во Бундеслигата. Следната сезона 1991-1992, Ефенберг бил еден од клучните играчи на Бајерн, завршувајќи ја сезоната со 10 постигнати гола. Меѓутоа со враќањето на Лотар Матеус во Бајерн, Ефенберг го напуштил клубот и потпишал за италијанската Фјорентина, каде им се приклучил на двајца одлични фудбалери Брајан Лаудруп и Габриел Батистута кои веќе настапувале таму. На општо изнендадување и покрај неколкуте одлични играчи во првата сезона на Ефенберг во Италија, Фјорентина испаднала од Серија А. Меѓутоа следната сезона во Серија Б, тимот го покажува својот квалитет со одличните игри и освојувајќи ја титулата се враќа во Серија А.
По завршувањето на Светското првенство 1994 Ефенберг се вратил во Германија, во клубот во кој поникнал - Борусија Менхенгладбах. Во 1995 со Менхенгладбах го освоил Купот на Германија. Во летото 1998 Ефенберг одново станал член на Бајерн Минхен за да ги оствари најголемите успеси во кариерата, освојувајќи: три титули по ред во Бундеслигата, еден Куп на Германија и три Лига купови. Во сезоната 1998-1999 играл во финалето на Лигата на шампионите, каде неговиот клуб во неверојатен натпревар бил поразен од Манчестер Јунајтед со 1-2. Откако Матеус го напуштил клубот и заминал во САД, тој ја презел капитенската лента на Бајерн. Во сезоната 2000-2001 го одиграл своето второ финале со Бајерн во Лигата на шампионите против Валенсија, придонесувајќи за победата на својот тим со гол од пенал за конечниот резултат 1-1 во регуларниот дел од натпреварот; Бајерн победил по изведување на пенали. Ефенберг бил избран за фудбалер на годината во ова натпреварување. Меѓутоа, следната сезона 2001-2002 го загубил местото во почетната постава поради што одиграл само 17 натпревари.
Во летото 2002 заминал во екипата на Волфсбург, меѓутоа таму престојот не му бил многу успешен, бидејќи одиграл само 19 натпревари во сите натпреварувања. Последната сезона во кариерата (2003-2004) ја изиграл во дресот на катарскиот клуб Ал-Араби, а по нејзиниот крај во 2004 година ја завршил кариерата.
Ефенберг го направил своето деби за германската репрезентација на 5 јуни 1991, влегувајќи како замена во поразот со 1-0 од Велс во Кардиф во квалификациите за Европското првенство 1992. Откако неговата репрезентација се пласирала на Евро 1992, Ефенберг бил избран во составот на Германија кој настапил на првенството и постигнал еден гол, во победата со 2-0 над Шкотска. Исто така бил избран во идеалниот тим на турнирот.
Ефенберг бил повикан и за Светското првенство 1994. Во натпреварот од групната фаза против Јужна Кореја, Ефенберг бил заменет а потоа покажал среден прст кон навивачите.[1] Оваа постапка го натерала селекторот Берти Фогтс да го исклучи играчот од средниот ред од репрезентацијата.[2][3] После четири години пауза, Ефенберг се вратил во репрезентацијата и одиграл уште два пријателски натпревари во септември 1998 година.[1]
По повеќе од десеттина години откако ја завршил својата играчка кариера, Ефенберг бил назначен за тренер на Падерборн на 13 октомври 2015.[4] На 3 март 2016 добил отказ.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.