Шиизам
гранка на исламот / From Wikipedia, the free encyclopedia
Шиизам или шиитски ислам (од арапски: شيعة Ши'ја) е вториот најголем огранок на исламот. Приврзаниците на шиитскиот ислам се нарекуваат Шиити или Шии."Шија" е кратка форма на историскиот исказ Шијату Али( شيعة علي)) што значи "следбеници","секта" или "здружение" на зетот и братучед на Мухамед, Алија ,за кој шиите веруваат дека е наследник на Мухамед. Како и другите гранки на исламот, шиитскиот ислам се темели на учењата од Коранот и на пораката на пророкот Мухамед. Спротивно на другите видови,шиите веруваат дека само Господ има право да избере претставник што ќе го штити исламот,Коранот и шеријатот.Според тоа шиите се потпираат на зетот на Али,зетот на Мухамед,за кој сметаат дека е божествено назначен како вистински наследник на Мухамед,и е првиот имам.Шиите го прошириле ова верување до семејството на Мухамед ,Ахл-ал-Бејт ("Луѓето од Куќата"), и одредени поединци помеѓу неговите потомци познати како имами,кои имаат посебен духовен и политички авторитет врз заедницата.И покрај тоа што низ историјата постоеја повеќе гранки на шиитскиот ислам, современиот е поделен на три главни гранки. Најголемата шиитска секта од почетокот на 21 век е идна ашарија („дванаесетници“), додека во помалите ограноци спаѓаат исмаили и заиди („петници“).алевии и друзи исто така се сметаат за секти на шиизмот.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |