From Wikipedia, the free encyclopedia
Шехзаде Ахмет (1465–1513) бил отомански принц кој војувал за османлискиот престол.
Шехзаде Ахмет | ||
Роден | 1465
Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | 1513
Бурса, Отоманско Царство | |
Занимање | османлиски принц |
Ахмет бил најголемиот син на Бајазит II и Булбјул Хатун. Според традицијата се сметало дека по смртта на султанот кој прв ќе пристигне до престолнината тој имал најголемо право да се искачи на престолот. Во овој поглед владенијата на Ахмед биле најблиску до Истанбул.
На синот на Селим, идниот султан Сулејман му бил доделен градот Болу, мал санџак кој бил поблиску до Истанбул. На ова најмногу се спротивставил Ахмет и по ова тој бил преместен во Крим. Од друга страна пак, Селим во ова видел како поддршка за неговиот постар брат од страна на неговиот татко па веднаш побарал да му се додели Румелија. Селим бил одбиен со образложение дека румелиските територии не се давале на принцовите, но и покрај тоа му било понудено да управува со Смедерево кој бил доста далеку од Истанбул. Тој ја одбил оваа понуда на својот татко а Бајазит како одговор на неговата непослушност го поразил во една битка во 1511 година[1].
Додека Бајазит бил во конфликт со Селим, на Ахмет му била доверена задача за задушување на востанието Шахкулу во Анадолија. Но, наместо да го задуши востанието, Ахмет неочекувано го напуштил бојното поле, зазел еден град во Караманија и со својата војска започнал да се приближува кон Истанбул. Неговиот став предизвикал вознемиреност меѓу војниците бидејќи неговиот главен поддржувач Хадим Али Паша го загубил животот за време на бунтот. Ахмед заминал во Конија каде се прогласил за султан. Иако Бајазит побарал да се врати во својот санџак Ахмед го одбил на својот татко. Бајазит по ова започнал да стравува дека Ахмед сака да го убие за да дојде на престолот па одбил да му дозволи на својот син да влезе во престолнината. Од друга страна тој абдицирал од престолот на 25 април 1512 година[2], а Селим со поддршка од јаничарите се вратил од Крим и станал новиот султан. Ахмет продолжил да контролира дел од Анадолија во првите месеци од владеењето на Селим. Конечно, силите на Селим и Ахмет воделе битка во близина на Бурса на 24 април 1513 година во која битка силите на Ахмед биле поразени, самиот тој уапсен а подоцна и погубен.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.