Шесте Куќи (Тремник)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Шесте Куќи — археолошко наоѓалиште во неготинското село Тремник. Претставува некропола од железно време. Се наоѓа на околу 1 км западно од селото, веднаш покрај патот што води за селото Долни Дисан. При подготвувањето на нивата за лозов насад Н. Василев открил и раскопал еден гроб со конструкција од големи монолитни плочи во кој нашол висулец - амулет со кружна форма, чешел, двојна секира и салталеони изработени од бронза. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Неготино.[1]
Повеќе информации Основни податоци ...
„Шесте Куќи“ | |
| |
Местоположба | 41°26′21″N 22°09′12″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Тремник |
Општина | Неготино |
Тип |
|
Период | железно време |
Портал „Археологија“ |
Затвори