From Wikipedia, the free encyclopedia
Шарл Лисјен Бонапарт или Карло Лучано Бонапарте (француски: Charles Lucien Jules Laurent Bonaparte, италијански: Carlo Luciano Giulio Lorenzo Bonaparte; 24 мај 1803 – 29 јули 1857) — француски биолог и орнитолог. Ја носел титулата „Кнез на Канино и Музињано“, наследена од татко му, Лисјен Бонапарт.
Бонапарт е роден во Париз, во семејството на Лисјен Бонапарт, помлад брат на царот Наполеон Бонапарт. Израснал во Италија, каде ја презел титулата на татка си. На 29 јуни 1822 во Брисел се оженил за братучетка му Зенаида. Набргу по венчавката, заминале за Филаделфија (САД) да живеат со свекорот Жозеф Бонапарт.[1] Пред да занимат, Шарл веќе открил нова птица за науката — тенкоклунестиот трскар — а по патот за Америка собирал примероци од нов вид на пиштарка. Кога стасал во САД, Бонапарт приложил свој труд за оваа нова птица, подоцна наречена Вилсонова пиштарка во чест на Александар Вилсон.
Потоа Бонапарт се посветил на изучувањето на орнитологијата на САД,[1] преработувајќи го Вилсоновото дело „Американска орнитологија“. 1824 г. со обидел да издејствува прием на тогаш непознатиот Џон Џејмс Одибон во Приридонаучната академија во Филаделфија, но не успеал поради противењето на Џорџ Орд.
Кон крајот на 1826 г, Бонапарт со семејството се вратил во Европа. Отишол во Германија и се сретнал со Филип Јакоб Кречмар, а во Англија го посетил Џон Едвард Греј во Британскиот музеј и повторно се сретнал со Одибон. Во 1828 г. се преселил во Рим. Во Италија организирал неколку научни собири и одржувал бројни предавања за американската и европската орнитологија, како и други природонаучни области.[1] Помеѓу 1832 и 1841 г, Бонапарт го објавил своето дело за животните на Италија, насловено како „Иконографија на италијанската фауна“ (Iconografia della Fauna Italica) и трудот „Споредбен осврт кон орнитолошките видови на Рим и Филаделфија“ (Specchio Comparativo delle Ornithologie di Roma e di Filadelfia) во која расправал за одликите на птиците во Филаделфија во споредба со оние во Рим.[1] Во овој период на работа го создал родот зенаида (Zenaida) во чест на сопругата.
Во 1849 г. бил избран во римското собрание и зел учество во создавањето на краткотрајната Римска Република, каде уживал голема поддршка како пратеник од Витербо. Истата година учествувал во одбраната на Рим од четириесетилјадната војска испратена од братучед му, францускиот цар Наполеон III. По поразот на републиканската армија во јули 1849 г. го напуштил Рим и пристигнал во Марсеј, но морал да ја напушти земјата по наредба на братучедот. Следната година ги потврдил своите политички убедувања, давајќи ѝ го научното име Cicinnurus respublica на Вилсоновата рајска птица во чест на републиканските идеали.
Во Англија присуствувал на собир на Британското научно здружение во Бирмингем, а потоа го посетил Вилијам Џардин во јужна Шкотска. По ова се зафатил со подготовка за класификација на сите птици во светот, посетувајќи ги музеите низ Европа за да ги проучува нивните орнитолошки збирки. Во 1850 г,[1] добил дозвола да се врати во Франција и останал Париз до крајот на животот. Во 1854 г. бил назначен за директор на париската ботаничка градина(Jardin des Plantes),[1] а во 1855 г. станал странски член на Кралската шведска академија на науките. Пред смртта го издал првиот том од делото „Преглед на птичјите родови“ (Conspectus Generum Avium).
Заедно со М. Пуансе, Бонапарт изготвил и два описни каталози на гулабите и папагалите. Меѓу научните трудови се вбројуваат:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.