француски романтистички композитор и пијанист од еврејско потекло From Wikipedia, the free encyclopedia
Шарл Валентен Алкан (француски: Charles-Valentin Alkan; 30 ноември 1813 - 29 март 1888 ) — француски композитор и еден од највиртуозните пијанисти на своето време. Неоговото еврејско потекло се гледа во неговите дела. Се запишал на Парискиот конзерваториум кога имал само 6 години. Освоил многу награди и станал познат виртуоз и учител. Се дружел со големи музичари и сликари како што се Ежен Делакроа, Франц Лист и Фредерик Шопен. Во 1848 година се повлекол од сцената и живеел осамен живот во Париз сè до неговата смрт.
Шарл Валентин Алкан | |
---|---|
Националност | французин |
Познат(а) по | композитор |
Исто како и Шопен, Алкан во главно компонирал за инструменти со дирки, вклучувајќи ги оргулите и педалиерот. Некои негови дела бараат голем виртуозиет, брзина и водење на контрапункциската линија. Неговата музика се смета за доста тешка за изведување. Напишал две збирки етида кои по тежината се еднакви како Листовите Трансцендетални етиди. Многу негови идеи се невообичаени и доста иновативни. користел т.к. „прогресивен тоналитет“ кој подоцна го употребил и данскиот композитор Карл Нилсен. Пр. неговата соната „Четири времиња“ започнува во де-дур, а завршува во гис-дур.
Техниката на Алкан е доста карактеристична и може да се види во нековите композиции. Меѓутоа, оваа техника не одела на штета на музиката. Пример за тоа е неговото Ноктурно во бе-дур оп. 22. По неговото изведување на Бах на педалиера, д’Енди рекол: „Слушав, заледен на местото, изразито, кристално чисто свирење.“
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.