Шарланди (Аџибегово)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Шарланди — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Аџибегово. Претставува средновековна населба и некропола. Близу до утоката на Светиниколска Река во Брегалница, на околу 3,5 км од селото, на површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. Има и гробови градени од камени плочи, поставени во правец запад-исток. Во 60-тите години биле најдени белезици од стаклена паста и друг средновековен накит.[1]
Повеќе информации Основни податоци ...
„Шарланди“ | |
| |
Местоположба | 41°45′37″N 21°59′7″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Аџибегово |
Општина | Лозово |
Тип |
|
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Затвори