Шанфлери
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Жил Франсоа Феликс Флери-Хусон (17 септември 1820 – 6 декември 1889 ) — француски романописец и критичар, поддржувач на реализмот како движење во книжевноста и ликовната уметност. Делата ги потпишувал под името Шанфлери.
Шанфлери | |
---|---|
Шанфлери во 1860 (слика од Надар) | |
Роден/а | Жил Франсоа Феликс Флери-Хусон 17 септември 1820 Лаон, Франција |
Починат/а | 6 декември 1889
Севр, Франција |
Занимање | романописец, критичат |
Националност | французин |
Во 1843 се преселил во Париз каде го запознал Шарл Бодлер, а следната година почнал да пишува критички осврти под името „Шанфлери“ во списанието L'Artiste. Бил еден од првите промотори на делата на Гистав Курбе, споменувајќи го во статија во Le Pamphlet во 1848. Во 1850, време кога шпанската уметност била игнорирана од критиката, тој позитивно го оценил Ел Греко, а ги рецензирал и сликите на браќата Ленен и Морис Кантен де Ла Тур.[1] Имал и кратка афера со Евелина Ханска во 1851, вдовица на неговиот пријател Оноре де Балзак.[2]
Неделникот Le réalisme го уредувал во периодот 1856–1857. Негов најпознат роман е Буржуите од Моленшар (1854), кој се смета за едно од најраните реалистични дела. Во 1869 ја објавил збирката есеи за мачки Разговори, во која имало портрети на мачки од познати уметници, а била издадена од француската ботаничка библиотека. Од 1872 до смртта во 1889 бил директор на Севрскиот порцелански завод. Ликот на Марсел од романот Сцени од животот на боемите на Анри Морже бил делумно иснпириран од Шанфлери. Морже и Шанфлери биле блиски пријатели.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.