From Wikipedia, the free encyclopedia
Чизбургер (англиски: cheeseburger) — вид хамбургер што содржи сирење. Неговото име е образувано од спојувањето на англиските зборови cheese (сирење) и hamburger (хамбургер). При правење чизбургери, сирењето се пресекува и се додава на крајот од печењето. Се користат различни видови сирење, како моцарела, горгонѕола или чедар. Како и хамбургерите, тие можат да бидат гарнирани со различни состојки како марула, домат, кромид, кисели краставички, сенф, мајонез, кечап или сланина. Традиционално се продаваат во ресторани за брза храна.
Додавањето сирење во хамбургерите станало популарно во доцните 1920-ти и раните 1930-ти, а постојат неколку теории за тоа кој го создал првиот чизбургер. Оваа чест обично му се припишува на Лионел Стернбергер, кој во 1926 г. на 16-годишна возраст работел како готвач во ресторанот на неговиот татко во Пасадена, Калифорнија. Според приказната, тој експериментирал така што фрлил дебело парче американско сирење врз врел хамбургер.[1][2]
Една од првите појави на чизбургер на мени во ресторан била во 1928 г. на менито на ресторан во Лос Анџелес, кој понудил чизбургер наполнет со чили за 25 центи.[3][4] И други ресторани тврдат дека подоцна го измислиле чизбургерот.
Во САД, Националниот ден на чизбургерот се празнува на 18 септември секоја година.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.