Чани (езеро)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Езерото Чани (руски: озеро Чаны) е едно од најголемите езера во Русија. Тоа е плитко, хипосалинско езеро (Солено езеро) кое има флуктуиран водостој, што може да се менува од сезона во сезона и од година во година. Различни екосистеми кои го опкружуваат езерото вклучуваат мешавина од мочуришта, солени мочуришта. Имаме екосистем богат со мешавина од шуми и тоа голема застапеност на брезата и јасиката како дрвна маса. Езерото Чани е од огромна важност за птиците преселници од Сибир како еден вид на попатна станица или како трајно живеалиште. Езерото е наведено како место од меѓународно значење.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/39/Chany_lake2.jpg/320px-Chany_lake2.jpg)
Длабочината на езерото се движи од 1-2 метри, но на некои места може да достигне и до 8 метри длабочина.
Езерото зафаќа територија на вкупно пет територии од Новосибирската област и тоа: Здвински, Барабински, Чановски, Купински и Хистоозирни.