Чаби Чекер (анг: Chubby Checker; роден како Ернест Еванс (Ernest Evans); 3 октомври 1941 година) ― американски пејач и танчер. Тој е познат по промовирањето и популаризирањето твистот. Тоа му успеало со изведбата на песната The Twist (преработка на песна од Хенк Балард) во 1960 година, која веднаш се искачила на прво место на американската топ листа (Billboard Hot 100).
Чаби Чекер | |
---|---|
Чаби Чекер во 2005 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Ернест Еванс |
Роден(а) | 3 октомври 1941 Спринг Гали, Јужна Каролина, САД |
Потекло | Филаделфија, Пенсилванија, САД |
Жанрови | |
Занимања |
|
Инструменти | Вокал |
Период на активност | 1958–денес |
Издавачи |
|
Мреж. место | chubbychecker.com |
Во септември 2008 година, „The Twist“ била на врвот на топ-листата на најпопуларни синглови кои се појавиле во Hot 100 на Billboard од првото објавување на листата во 1960 година; песната се задржала на прво место до ажурирањето на листата во август 2013 година.[1]
Живот и кариера
Ернест Еванс е роден во Спринг Гали, Јужна Каролина,[2] но детството го поминал во Јужна Филаделфија, каде живеел со неговите родители и двајцата браќа.[3][4] Уште пред да се запише во средно училиште, Ернест научил да свири на пијано.
По завршување на училиштето, Ернест Еванс работел на различни работни места, а секаде ги забавувал клиентите со имитирање на популарните пејачи од тоа време. Неговиот шеф во продавницата, „Тони А.“, на Еванс му го дал прекарот „Чаби“ (буцкаст). Неговите вокални способности толку го воодушевиле сопственикот на центарот Хенри Колт што тој го убедил својот познаник и пријател Карл Ман (кој работел во Cameo-Parkway Records како композитор),[5] да го земе Чаби, како што тој го нарекол, и да му сними песна за американското телевизиско шоу American Bandstand, кое го водел Дик Кларк. На сесијата за снимање, Еванс го добил своето уметничко име од сопругата на Кларк, која го прашала Еванс како се вика. „Па“, одговорил тој, „моите пријатели ме викаат „Чаби“. Бидејќи тој штотуку завршил со изведба од Fats Domino, таа се насмеала и рекла: „Како дама? (анг: сhecker) Тој веднаш се насмевнал на играта на зборови („chubby“ што значи буцкаст и „дама“, што е слично со „домино“, друштвена игра) и оттогаш, Еванс одлучил да го користи името „Чаби Чекер“.[6] [7]
Во декември 1958 година, Чекер приватно снимиl нов сингл за Кларк. Чекер имитирал неколку музичари (Фетс Домино, The Coasters, Elvis Присли, Кози Кол и The Chipmunks) како ја пеат песната „Mary Had a Little Lamb“. На луѓето од Cameo-Parkway Records многу им се допаднала снимката и потпишале договор со Чаби Чекер.[8] Тие објавиле сингл со неговата снимка наречена The Class; плочата имала солиден успех и се искачила на 38 место на американските топ листи во 1959 година.[9]
Во јули 1960 година, Чекер ја извел неговата верзија на „The Twist“. „The Twist“ веднаш се нашла на врвот на Billboard Hot 100. Песната уште еднаш избила на прво место на крајот од 1961 година по разиграната изведба во живо[10] на песната на Шоуто на Ед Саливен, кое го гледале преку 10 милиони гледачи.[11] Танцувањето твист станало светски феномен.
По неговиот прв голем успех, тој продолжил да издава релативно успешни танцови синглови; The Hucklebuck (#14), The Fly (#7), Dance the Mess Around (#24) и Pony Time, кој станал втор број 1 сингл на Чекер.[9] Следната „твист“ песна на Чекер, „Let's Twist Again“, ја освоила наградата Греми во 1962 година за најдобра рокенрол песна.[12] Во 1962 година, тој снимил дует со пејачот Ди Ди Шарп, Slow Twistin , кој се искачил на 3-то место, а потоа го издал синглот Limbo Rock, кој се искачил на второ место при крајот на 1962 година. Limbo Rock бил последен хит на Чекер кој се пласирал во топ-10 на Билбордовата листа.
Во 1964 година, Чекер се оженил со холандската убавица Катарија Лодерс, поранешна Мис на светот од 1962 година.[13] По бракот, Чекер продолжил да снима релативно успешни плочи до 1965 година, кога промената на музичкиот вкус ставил крај на неговата кариера.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.