From Wikipedia, the free encyclopedia
Црноглавото муварче (науч. Ficedula hypoleuca) е мала врапчевидна птица од семејството на муварчињата. Таа е една од четирите црно-бели вида муварчиња. Се размножува низ цела Европа и западна Азија. Таа е птица преселница која зимува претежно во западна Африка. Оваа птица ја има во Македонија.
Црноглаво муварче | |
---|---|
Возрасен мажјак во Шкотска | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Муварчиња |
Род: | Ficedula |
Вид: | Црноглаво муварче |
Научен назив | |
Ficedula hypoleuca (Pallas, 1764) | |
Постоела расправија за поделување на видот во два подвида, hypoleuca и speculigera, но, поделбата е одбиена зашто speculigera е поблиска до видот iberia.Подвидови се: Ficedula hypoleuca hypoleuca, Ficedula hypoleuca iberiae, и Ficedula hypoleuca sibirica.[2]
Латинскиот збор ficedula значи „мала ситнојадна птица“. Терминот hypoleuca доаѓа од латинските hupo - бело и lukos - одоздола.
Црноглавото муварче е долго 12-13.5 см. . Мажјакот во сезона на парење е претежно црн одозгора и бел одоздола, со голема бела дамка на крилјата, бели агли по страните на опашката и мала бела дамка на челото. Кај мажјаците вон сезоната на парење, женките и младенчињата црното е заменето со бледо кафеаво и може да се измешаат со другите муварчиња.[3] Клунот му е црн, широк и заострен на врвот, типичен за птиците кои ловат инсекти во лет. Освен со инсектите, овие птици јадат гасеници кои ги наоѓаат под кората на дабовите, како и бобинки. Оваа птица порано доаѓа напролет од другите преселници и нејзиното ритмично и мелодично пеење е карактеристично во дабовите шуми во пролет.
Ова е птица на отворените шуми, паркови и градини која претпочита дабови дрвја. Гради отворено гнездо во дупките на дрвјата и се населува во куќички за птици со преден отвор. Несат 4-10 јајца.
Црноглавото муварче има многу широка распростарнетост и голема популација, па на Црвената листа е во категоријата на вид со најмала загриженост. Видот населува различни земји во Европа, многу е честа на копното, со типична животна средина во отворените шуми, и парковите и градините во градовите. Во 2005 година популацијата изнесувала од 3 до 7 милиони парови.
Основната храна на црноглавото муварче се инсектите. Всушност, и името им доаѓа од нивната способност да ги ловат летечките инсекти, но, исто така, се хранат со инсекти од земја, дрво и гранки.[4] Всушност, истражувањата покажуваат дека тие најголемиот дел од хранењето го прават на земја.[5][6] Јадат мравки, пчели, бубачки, пајаци, пеперуги, молци, муви итн.
Црноглавите муварчиња практикуваат два системи на парење, моногамен и полигиничен. При вториот систем, мажјакот ја напушта првата територија откако женката ќе ги снесе јајцата и создава своја втора територија на оддалеченост од 200 до 3.500 метри. По спарувањето со втората женка, мажјакот се враќа кај првата помагајќи ѝ при исхраната, нејзината и на пилињата.[7] Понекогаш мажјаците се грижат за двете женки и нивните легла, ако територијата е блиску. Мажјаците кои се успешни во полигинијата се типично поголеми, постари, поискусни и стигнуваат порано од преселбата на територијата за размножување.[8]
Некои женки ја прифаќаат полигинијата, други, не. Тие инсистираат на моногамија. Во полигиничната врска, примарните женки имаат поуспешни легла и не страдаат многу, зашто мажјакот се враќа да помогне, додека секундарната женка има и помало легло и помала успешност во одгледувањето на пилињата. Таа има 60% помалку наследници од примарната.[9]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.