Црквиште (Вратница)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Црквиште познато и како стара Св. Константин и Елена — претставува археолошко наоѓалиште, односно делови на средновековна црква. Се наоѓа во тетовското село Вратница, во месноста нарекувана Честодубје која се наоѓа на југоисточната страна на селото. По истражувањата, тука има остатоци од црква со нартекс, долга 18,2 м и широка 4,2 м, градена од кршен камен и варов малтер. Нартексот е широк 10 м[1]. Денес во близина на тоа место подигната е нова црква посветена на Св. Константин и Елена.
Повеќе информации Основни податоци ...
„Црквиште“ | |
Местоположба | 42°08′02″N 21°07′24″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Вратница |
Општина | Јегуновце |
Тип |
|
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Затвори