![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/97/Sv.Toma_Graiste.jpg/640px-Sv.Toma_Graiste.jpg&w=640&q=50)
Црква „Св. Тома“ - Граиште
црква на Граиштанскиот манастир кај Граиште, Демирхисарско / From Wikipedia, the free encyclopedia
Св. Тома — црква во демирхисарското село Граиште, главен храм на Граиштанскиот манастир (наречен и Шути манастир). Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
![]() ![]() Свети Тома | |
![]() Црквата и камбанаријата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Крушевско-демирхисарска |
Парохија | Слепчанска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°13′27.8″N 21°13′45.7″E |
Место | Граиште |
Општина | Демир Хисар |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Апостол Тома |
Изградба | XV - XVI век 2002 (обновен) |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | триконхален |
Манастирот и црквата се сместени југоисточно од Граиште и југозападно од Вардино.[1] Манастирот е граден во доцниот среден век, но уништен во XVIII век. Возобновен е во 2002 г. врз темелите на стариот храм.
Од натпис на фрагмент од службен минеј за месец септември од XVI век од манастирската библиотека дознаваме дека книжевникот Спиридон учел, живеел и творел во манастирот кон крајот на XVI и почетокот на XVII век.[2]
Црквата е релативно голема, триконхална, со нартекс и две куполи. Изѕидана е од кршен камен со малтер.[3] По нејзиниот облик се смета дека старата црква била меѓу најстарите манастирски цркви во Демирхисарско (Железник),[4] и познато е дела била градена е во XV - XVI век.[3] Царските двери од храмот се пренесени во црквата „Рождество на пресв. Богородица“ во Бучин.[5]