Црква „Св. Никола“ - Крупиште
црква во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
црква во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Свети Никола — средновековна селска црква во штипското село Крупиште, Македонија.[1] Прогласена е за споменик на културата на Македонија.
Свети Никола | |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Штипско |
Парохија | Горнобалванска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°50′28″N 22°15′19″E |
Место | Крупиште |
Општина | Карбинци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Изградба | 1625 |
Живопис | 1627 и 1880 |
Зограф | Исаија Фрчковски (второ живописување) |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна |
Самата црква всушност е означена како археолошко наоѓалиште од типот старохристијанска базилика и средновековна црква.[2]
Црквата се наоѓа на североисточниот излез од селото, под патот Штип–Кочани, на десниот брег на Брегалница.
Местоположбата на црквата е на крајот на патот, односно на излезот од селото до селските гробишта, западно од местото каде реката Злетовица се влева во реката Брегалница.[3]
Околу црквата и остатоците од базиликата биле пронајдени старохристијански и средновековни гробови. Дел од саркофаг служи како корито на чешмата што се наоѓа јужно од црквата.[2]
Црквата „Св.Никола“ во Крупиште била изградена во 1625/6 година за време на епископот Макарие.[3]
Позната е во стручната литература како објект од XVII век. Според најновите констатации на Блага Алексова, нејзиното подигање е поместено во IX-X век. Од надворешната страна на ѕидовите се забележуваат вградени елементи од ранохристијанска архитектонска и скулптурална пластика, на кои има знаци и букви. Со ископувањата во 1975 година е утврдено дека црквата била подигната врз темели од трикорабна базилика во V до VI век, долга 16 м и широка 14,90 м, со централна апсида која од надворешната страна била организирана многуаголно и со нартекс на западната страна.[2]
Живописот на црквата бил обновен во 1880 г., од зографот монарх Исаис Дебрели, кој најверојатно вршел интервенции на стариот живопис од наосот, а во исто време ја живописал и припратата.[4]
Нема податоци кога и од кој архијереј е осветена.[5]
Во својата основа е мала еднокорабна градба подигната врз темелите на средишниот кораб од старохристијанската базилика на чија ѝ се пронајдени остатоци. Од источната страна има многуаголна апсида од надвор, а од западната Нартекс.[3] Црквата Свети Никола била подигната од кршен камен со нееднаква големина и вградени делови од ранохристијанска пластика на која се испишани знаци и букви. Влезот е на западната страна. Во црквата се сочувани два натписа. На првиот пишува дека црквата е изградена во времето на епископот Макарие во 1625 година.[6]
Црквата била живописана во 1627 година, додека на вториот е забележан зографот Исаија Фрчковски, кој во 1880 година, кога се претпоставува дека е доградена припратата на црквата со полукружен свод, истата ја насликал и извршил одредени интервенции врз фрескописот од наосот. Во фрескописот од припратата изработен од овој зограф се забележуваат ликови облечени во современа носија.[7]
Во црквата има икони од Данаил Штипјанецот, Исаја Дебренин и други непознати автори.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.