Црква „Св. Архангел Михаил Главатов“ - Штип
црква во Штип / From Wikipedia, the free encyclopedia
Св. Архангел Михаил Главатов — средновековна црква во градот Штип. Му припаѓа на Штипското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]
Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Свети Архангел Михаил Главатов | |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Штипско |
Парохија | Штипска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°44′16.9″N 22°11′28.5″E |
Место | Штип |
Општина | Штип |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Архангел Михаил |
Завршено | XIV век |
Архитектонски опис | |
Затвори
Црквата е сместена во маалото Стар Конак во центарот на градот. Денес е во дворот на Музичкото училиште. Се споменува во 1378 г. кога браќата властелини Константин и Јован Дејанови му ја подариле на светогорскиот манастир „Св. Пантелејмон“.[2] Подоцна храмот е преправан.[2] Во апсидата има зачувани фрагменти од изворниот фрескопис.[2] Иконите се од XIX век.
Во 1981 г. е извршена санација на црквата.[3]