Црква „Св. Ѓорѓи“ - Лазарополе
црква во Лазарополе, Маврово и Ростуше From Wikipedia, the free encyclopedia
црква во Лазарополе, Маврово и Ростуше From Wikipedia, the free encyclopedia
Црква „Св. Ѓорѓи“ - Лазарополе — главна селска црква во дебарското село Лазарополе.[1]
Свети Ѓорѓи | |
Поглед на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Лазарополе | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Дебарско |
Парохија | Дебарско-реканска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Лазарополе |
Општина | Маврово и Ростуше |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Ѓорѓи |
Изградба | 15 април 1832 |
Завршено | 1841 |
Осветување | 22 август 1841 |
Живопис | Дичо Зограф |
Ктитор | Ѓурчин Кокалески |
Зограф | Дичо Зограф |
Архитектонски опис | |
Црквата го зазема средишното место во селото, а за нејзината грандиозност придонесува бедемот со кој е опкружена. Бедемот започнува од спојот со камбанаријата, па продолжува сè до влезната врата од западната страна на црквата.
Нејзин ктитор бил општественикот, кнезот и големопоседникот од Лазарополе Ѓурчин Кокалески (1775-1863), кој во неа имал свој престол. Погребан е во дворот на црквата до олтарот по барање на народот.[2]
Црквата е прогласена за споменик на културата во 1997 година од страна на Министерството за култура на Македонија.
Црквата е градена во 1841 година, на која во XX век е додаден трем. Црквата започнала да се гради на 15 април 1832 година, а била завршена во 1841 година. На 22 август истата година била осветена. Пред осветувањето на црквата имало расправа за името на црквата, односно дали да биде именувана „Св. Илија“ како што сакал ктиторот Ѓурчин Кокалески во чест на неговиот ранопочинат татко Илија или пак да биде наречена „Св. Ѓорѓи“ во чест на ктиророт како што сакал народот со цел да се зачува споменот за него. На крај било решено црквата да го носи името „Св. Ѓорѓи“, а како главен селски празник да биде Илинден, кога и била осветена црквата.
Црквата по Втората светска војна се соочила со намален број на верници, бидејќи на членовите на Сојузот на комунисти, на членовите на СКОЈ, на жените во Сојузот на АФЖ, строго им било забранувано да посетуваат верски објекти, да се венчаваат во црква, да крштеваат деца и да прославуваат верски празници.
Кубето на црквата било целосно обновена во 1996 година, кога со почеток на 25 септември биле заменети старите плочи (шкрилци) со нов бакарен лим, обезбеден до донации од лазарополци. Градежните активности траеле два месеци, при што биле поставени 1250 килограми бакарен лим, со кој беа покриени околу 200 квадратни метри покривна површина.
При обновата на главното кубе на црквата во 1996 година и неговото препокривање со бакарен лим се открило дека на покривот на црквата постојат три помали кубиња, изработени со камења од бигор. Во текот на 1997 година се започнало најпрвин со уривање, а веднаш потоа и со градење (преѕидување) на оградниот ѕид од црквата по целата негова должина. Бедемот бил обновен поради појавата на видливи одделувања на ѕидот од темелите. При обновата на оградниот ѕид, неговата височина била намалена за над 50 сантиметри. Оградниот ѕид пред неговата обнова бил покриен со лим премачкан со црвена боја, додека за покрив по неговата обнова биле одбрани специјален вид на ќерамиди. Целокупната обнова на ѕидот завршила во 1998 година.
Во текот на 2002 година започнале активности за обнова на старата припрата на тремот на црквата, додека главната работа за неговата обнова се одвивала во текот на 2003 година. Тремот бил целосно обновен за време летото 2003, а целата дрвенарија била и покриена со ламарина. Покрај тоа, во 2003 година била изградена и работната соба во црквата. Освен тоа, бил обновен и патосот во олтарниот дел на црквата.
Во 2005 година со извадените шкрилци (плочи) од покривната конструкција на црквата била изградена патека во црковниот двор.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.