From Wikipedia, the free encyclopedia
Црква „Свети Спас“ на Нередица (руски: Церковь Спаса на Нередице) – православен храм на Руската православна црква посветен на преображението Господово. Храмот се наоѓа на околу 1,5 км јужно од градот Велики Новгород во селото Спас-Нередици, на десниот брег на реката Мал Волховец.
Црква „Свети Спас“ на Нередица | |
---|---|
Церковь Спаса на Нередице | |
Фотографија на црквата со камбанаријата од 1900 година | |
58°29′51″N 31°18′41″E | |
Место | Велики Новгород |
Земја | Русија Русија |
Вероисповед | Руска православна црква |
Мреж. место | Официјално мрежно место на црквата |
Историја | |
Основана | 1198 |
Основач(и) | Јарослав Владимирович |
Посветена на | Преображение Господово |
Чувани мошти | Афанасиј Данилович |
Архитектура | |
Статус | музеј |
Културнонаследна категорија | Споменик на културата од исклучително значење |
Прогласена | 1992 |
Физички особености | |
Сводови | 1 |
Од 1992 година црквата се наоѓа во списокот на „Светското наследство на УНЕСКО“ како дел од комплексот „Историски споменици на Новгород и околината“. Храмот исто така се наоѓа на списокот на културното наследство на Руската Федерација под број 5310113002.[1]
Црквата била изградена во 1198 година под ктиторство на новгородскиот кнез Јарослав Владимирович како помен на двајца негови настрадани синови. Градежните работи завршиле за помалку од година дена, а веќе наредната 1199 година, црквата била фрескописана. Црквата во Втората светска војна била на самата линија на борбените дејства и претрпела значителни оштетувања, а првобитните оригинални фрески се изгубени во неповрат (останал само мал сегмент на западниот ѕид). Занимливо е дека целата внатрешност на црквата била фрескописана, а на нивна изработка работеле и до десет мајстори фрескописци во различни стилови. Фреската на црковниот ктитор, кнезот Јарослав, дополнително е додадена на јужниот ѕид во 1246 година.
Фреските од оваа црква се сметаат за најубави и најдрагоцени примероци на руското средновековно фрескосликарство. Акварелните копии на фреските кои ги направил сликарот Николај Мартинов (1842 – 1913) биле изложени на Светската изложба во Париз во 1867 година каде биле наградени со бронзен медал.[2] Првата голема реставрација на фреските била извршена во текот на 1903 и 1904 година, а во работата учествувал и во тоа време еден од најголемите руски сликари Николај Рерих.
Нередичката црква е изградена во четириаголна форма со четири основни столба, една купола и 3 апсиди на источната страна. Ваквиот вид на црковна архитектура бил типичен за подрачјето на Новгород во текот на XII век.
Благодарени на археолошките истражување извршени во внатрешноста на црквата во текот на 2001 година откриени се фрагменти од оригинално житие од 1199 година, а пронајдена е и гробницата на кнезот Афанасиј Данилович кој е тука погребан во 1322 година.[3]
Целосната архитектонска реставрација на храмот е завршена во текот на 2004 година. Денес овој храм главно служи како музејски објект.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.