Црквата на Светото Срце Исусово е единствената Римокатоличка црква во Подгорица, Црна Гора. Изградена во 1969 година, на местото на црквата во центарот на градот која била урната за време на бомбардирањето на Подгорица за време на Втората светска војна. Црквата е уникатен пример за бруталистичка архитектура. Се наоѓа во населбата Коник во Подгорица.

Thumb
Фотографија од црквата

Градба

Катедралата е изградена во 1969 година, три години по реконструкцијата на католичката парохија во градот. Дизајнирана е од проф. инж. Звонимир Вркљан од Архитектонскиот факултет на Универзитетот во Загреб, Хрватска, а изграден е да личи на брод. Александар Токиќ ја осветил на 29 јуни 1969 година, тогашен архиепископ на Римокатоличката надбискупија Барска.[1] Црквата има самостојна камбанарија висока 40 метри, со бетонски спирални скали. Црковниот комплекс се простира на 25 метри, а светлината што го осветлува главниот олтар поминува низ високата кула.[2] Фасадата на катедралата никогаш не била завршена.

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.