појаснителна страница на Википедија From Wikipedia, the free encyclopedia
Црква — заедница од луѓе кои исповедаат (веруваат во) ист Бог. Поимот се употребува и за објект за јавна религиозна служба во христијанството.
Се претпоставува дека зборот потекнува од арамејскиот јазик и бил воспоставен од Исус од Назарет. Во тоа време терминот Црква, еквивалентно означувал владин/политички термин, или, собрание, собир за јавни потреби. Тоа е старогрчкиот збор „екклесиа - ἐκκλησία“ (латински: ecclessia) кој е составен од предлошката „ек - ἐκ (пред самогласка се пишува како ех - ἐξ)“ и глаголот „калео - καλέω“. Предлошката „ек - ἐκ“ има двослојно значење („од“ и „кон“) па затоа е ориентирана кон исходот, а глаголот „калео - καλέω“ значи „да повикаш“.[1][2] Во буквален превод „екклесиа - ἐκκλησία“ значи „собир на повиканите“ - луѓе повикани од светот кон Бога, а исходот на тоа е Црквата.[3] Подоцна во Стара Грција терминот се користи за да се изрази тело кое расправа и разрешува проблеми кои генерално го засегаат oпштеството.
Првите христијани, исто како и Исус, биле Евреи кои живееле во Израел и кои се молеле во Храмот во Ерусалим и околните Синагоги. Обожувањето во Храмовите било проследено со принесување на жртви од животни, како искупување на гревовите. Во Новиот завет многупати се споменува дека Исус бил чест посетител на храмовите.
Раната историја на синагогите е контраверзна но се претпоставува дека била институција која се развила за потребите на јавно обожување на Евреите додека биле под окупација на Вавилон, и немале пристап до храмовите. Наместо тоа се развила церемонија во која се читала Тората на дневни и неделни служби, проследени со коментари од свештениците. Ова се случувало во домовите доколку групите биле мали. Во други случаи се граделе посебни градби за оваа цел. Некогаш со надоградување на куќите или пренамена на згради кои биле од јавен интерес. Во најголемиот број, тоа биле простории со подиум на кој се говорело, додека луѓето седеле наоколу и слушале.
И самиот Исус присуствувал на вакви заседание, каде што читал и давал коментари, како што е опишано во Посланието по Лука 4: 16-24. По уништувањето на Храмот во Ерусалим во 70 година од нашата ера, Христијанското движење и Евреите се разделиле. Црквата како институција зела голем замав во вториот век.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.