Циганчиња (птици)
род птици / From Wikipedia, the free encyclopedia
Циганчиња или црвеноопашки[1] (науч. Phoenicurus) — род врапчевидни птици од семејството на муварчињата (Muscicapidae), native to Европа, Азија и Африка. По изглед се групираат со уште три сродни рода, кои исто така имаат црвенкасти опашки. Ова се мали инсектојади, каде мажјаците се обоени во разни комбинации на црвена, сина, бела и црна, додека пак женките се светлокафеави со црвена опашка.[2] Во 2010 г. кон родот се додадени птиците од родовите Rhyacornis (1 вид) и Chaimarrornis (2 вида) поради укинување на тие родови како неточни согласно новоутврдената молекуларна филогенија.[3][4]
Циганчиња | |
---|---|
Циганче (Phoenicurus ochruros) | |
Научна класификација [ у ] | |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Муварчиња |
Род: | Циганчиња T. Forster, 1817 |
Во Македонија како домородни се присутни циганчето и лисестото циганче[5], а како новодојдено е забележано и белокрилото циганче[1], кое вообичаено живее само во Азија.
Родот е воведен од англискиот природонаучник Томас Форстер во 1817 г.[6][7]