![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/38/Ceratopsidae_Tooth.jpg/640px-Ceratopsidae_Tooth.jpg&w=640&q=50)
Цератопсиди
From Wikipedia, the free encyclopedia
Цератопсиди (понекогаш напишани Цератопиди) — семејство на маргиноцефални диносауруси, вклучувајќи ги Трицератопсот, Центросаурусот и Стиракосаурусот. Сите познати видови биле четириножни тревојади од Горната Креда ера, главно од Западна Северна Америка (Ларамидија), и се одликуваат со клунови, со редови заби во задниот дел на вилицата, испакнати назални рогови и тенка париетално-сквамозална слепоочница што се превиткува од наназад па нагоре во набор. Групата е поделена на две потсемејства — Хасмосауриди и Центросауриди. Хасмосауридите обично се одликуваат со долги, триаголни набори и добро развиени рогасти веѓи. Центросауридите имаат добро развиени назални рогови, пократки и поправоаголни набори и испакнати боцки на задниот дел од наборот.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/38/Ceratopsidae_Tooth.jpg/640px-Ceratopsidae_Tooth.jpg)
Овие рогови и набори имаат извонредна разновидност и се главните средства преку кои се распознаваат различните видови. Нивната корист не е целосно јасна. Одбраната од грабливците е еден можен одговор – иако наборот е релативно кревок кај многу видови – но поверојатно е дека, како и во современите копитари, тие биле секундарни полови одлики што се користеле при истакнување или за интравидова борба. Масивните рогови на черепите на Пахириносаурусот и Ахелоусаурусот личат на оние рогови на современите мошусни волови, што укажува на тоа дека тие бореле со разбивање со главите. Центросауридите често биле наоѓани во масивни коскени ископини со неколку други видови заедно, што укажува на тоа дека животните живееле во големи разновидни стада.