Центрипетална сила
From Wikipedia, the free encyclopedia
Центрипеталната сила (од латински centrum „центар“ и petere„да бара“[1]) — сила која предизвикува телото да следи закривена патека. Насоката е секогаш ортогонална на движењето на телото и кон неподвижната точка во центарот на закривеноста. Исак Њутн ја опишал како „сила од која телата се присилени, или на било кој начин тежнеат кон една точка во центарот“[2]. Во Њутновата механика, гравитацијата ја обезбедува центрипеталната сила потребна за астрономските орбити.
Еден најчест пример кој ја вклучува центрипеталната сила е случајот во кој тело се движи со постојана брзина по кружна патека. Центрипеталната сила е насочена ортогонално на движењето и по должината на полупречникот кон центарот на кружната патека.[3][4] Математичкиот опис е добиен во 1659 од Холандскиот физичар Кристијан Хајгенс.[5]