Централна статистичка служба (Шведска)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Централната статистичка служба (швед. Statistiska centralbyrån или SCB, меѓунар. име: Statistics Sweden) е владина агенција во Шведска задолжена за добивање, обработка и објавување на статички податоци во земјата. Службата датира од 1686 кога црковните парохи почнале да прибираат и евидентираат податоци за населението. Претходник на сегашната установа е Службата за табели (Tabellverket), основана во 1749. Денешното име е усвоено во 1858 г.
Кратки факти Централна статистичка служба, Statistiska centralbyrån ...
Централна статистичка служба | |
---|---|
Statistiska centralbyrån | |
Зградата на службата во Еребру. | |
Податоци за органот | |
Седиште | Стокхолм и Еребру |
Вработени | ~1.400 (2008)[1] |
Раководител | Стефан Лундгрен (генерален директор) |
Матично одделение | Министерство за финансии |
Мрежно место | |
scb.se |
Затвори
Агенцијата има околу 1.400 вработени. Сместена е во два града: Стокхолм и Еребру.[1] Установата објавува и службен статистички билтен.