Цариградски собор (879-880)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Цариградски собор (879-880), Четврти цариградски собор или Софиски собор — голем регионален собор на православната црква, кој се одржал во 879 и 880 година во Цариград. Соборот го свикал византискиот цар Василиј, во договор со цариградскиот патријарх Фотиј. На соборот, бил осуден секој обид за промена на изворниот Никејско-цариградски симбол на верата, било преку вадење или додавање. Оваа одлука била насочена против вметнувањето на поимот филиокве (лат. Filioque) во симболот на верата, односно против учењето за двојното произлегување на Светиот Дух од Отецот и Синот. Одлуките на овој собор ги потврдил тогашниот римски папа Јован VIII.[1]
Дел од темата Христијанство | |||
Историја на христијанството | |||
Рано христијанство | |||
Христијанска теологија | |||
Христијански звања Католицизам Источно христијанство Протестантство Антитринитаризам | |||
Иако овој собор првично беше прифатен како општ, со текот на времето Римската црква почнала да се оддалечува од неговите одлуки, а кога вметнувањето на филиокве околу 1014 година било официјално прифатено и во самиот Рим, дошло до забрзано нарушување на претходното црковно единство, што на крајот резултирало со Големиот раскол (1054). И покрај тоа, Цариградскиот собор од 879-880 година ја задржал својата важност во Православната црква, а многу православни христијани го сметаат за рамноправен и го нарекуваат Осми вселенски собор.[2]