Христијанство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Христијанство — монотеистичка религија заснована врз животот, учењата и делата на Исус Христос, според раскажувањата во Новиот завет.
Дел од темата Христијанство | |||
Историја на христијанството | |||
Рано христијанство | |||
Христијанска теологија | |||
Христијански звања Католицизам Источно христијанство Протестантство Антитринитаризам | |||
Со 2,5 милијарди верници, христијанството е најраспространетата религија. По потеклото, таа е сродна со јудаизмот, со кој дели религиозни текстови и својата рана историја; поточно, заеднички за двете религии се Хебрејската Библија, која во христијански контекст е позната како Стар завет. Христијанството се смета за аврамска религија, заедно со јудаизмот и исламот.
Во светото христијанско писмо, поимот „христијански“, а така и „христијанство“ најпрвин се посведочило во Дела 11:26: „Цела година се среќавале во црквата и учеле многу луѓе. И кај Антиохија учениците на Исус биле наречени христијани“ (Гр. χριστιανους, од Христос Гр. Χριστός, што значи „миропомазаниот“).