Хрватска академија на науките и уметностите
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хрватска академија на науките и уметностите или ХАЗУ (хрватски: Hrvatska akademija znanosti i umjetnosti, HAZU; латински: Academia Scientiarum et Artium Croatica) — национална академија of Хрватска. Основана е во 1866 г. и претставува најстарата национална академија во Југоисточна Европа.
Hrvatska akademija znanosti i umjetnosti | |
Зградата на академијата на плоштадот „Зрињевац“ во Загреб | |
Кратенка | ХАЗУ |
---|---|
Основана | 1866; пред 158 години (1866) |
Вид | национална академија |
Цел | наука, уметност, општествени науки |
Седиште | Загреб, Хрватска |
Место | 45°48′33″N 15°58′43″E |
Членство | 139 редовни (мај 2016)[1] |
Претседател | Звонко Кусиќ |
Главно тело | Претседателство на академијата[2] |
Буџет | 68,3 мил. kn (9,1 мил. €) (2016)[3] |
Мреж. место | hazu.hr |
ХАЗУ е основана под покровителство на епископот Јосип Јурај Штросмајер под името Југословенска академија на науките и уметностите или ЈАЗУ (Jugoslavenska akademija znanosti i umjetnosti, JAZU) со намера да биде главна културно-научна установа на сите Јужни Словени. Денес нејзини главни цели се поттикнувањето и приредувањето на научна работа, примената на постигнатото, развој на културно-уметничката дејност, старателство над културното наследство на Хрватска и нејзино претставување во светот, објавување на научни трудови и творечки дела и советодавна улога за унапредувањето на науката и уметноста во областите од особено значење за Хрватска.
Академијата има девет одделенија кои претставуваат подрачја на дејност од научен, општествен и творечки карактер. При основањето во 1866 г. имала 16 члена, а денес има околу 160, од кои некои се академици, а некои надворешни соработници и сл.