From Wikipedia, the free encyclopedia
Хомеотермија ( грчки ὅμοιος - homoios = слично + θέρμη - thermē = топлина) или хомеотермност е форма на терморегулација со одржување стабилна температура на телото, без оглед на надворешната температура и другите влијанија. Оваа внатрешна телесна температура е често, иако не и неопходно, повисока од онаа на непосредната околина. Хомеотермијата е една од трите форми на топлокрвни животински видови - спротивно на поикилотермија . [1] [2][3][4][5]
Хомеотермите не се нужно ендотерми. Некои од нив можат да одржат постојана телесна температура преку механизми во однесувањето, т.е. етолошка терморегулација. Многу влекачи ја користат оваа стратегија. На пример, пустинските гуштери се извонредни во одржување на скоро константна температура, преку активности што ја одржуваат телесната температура, што е често околу еден или два степени пониска од нивните смртоносни критични температури.
Ензимите имаат релативно тесен опсег на температурата во која ја постигнуваат својата оптимална ефикасност. Температурите надвор од овој опсег во голема мерка можат да ја намалат брзината на реакциите или да ги запрат целосно. Организмот со прилично константна телесна температура може да ги специјализира ензимите кои се поефикасни на таа температура. Поикилотермите мораат, или да поминат добар дел од своето време под оптимална ефикасност, да мигрираат, хибернираат или да трошат дополнителни механизми за производство на поширок спектар на ензими за да опфатат покријат поширок спектар на варијации на телесната температура.
Сепак, во некои средини има посоодветни температури отколку во други. На пример, тропските предели често имаат сезонски варијации на температурата кои се помалку од нивните дневни колебања. Покрај тоа, големите маси на вода, како што се океаните и многу големи езера, имаат умерена варијација на температурата. Водите под океанската површина имаат особено стабилни температури.
Бидејќи многу хомеотермички животни користат ензими кои се специјализирани во тесен опсег на варијации на телесната температура, хипотермијата брзо доведува до вкочанетост, а потоа и до смрт .
Покрај тоа, хомотермијата заснована на ендотермијата е енергетска стратегија со голема потрошувачка на енергија и многу околини имаат помал капацитет за толеранција за овие организми. Во ладно време, потрошувачката на енергија за одржување на телесната температура го забрзува гладот и може да доведе до смрт.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.