From Wikipedia, the free encyclopedia
Исузу МУ — спортски автомобил (SUV) со средна големина, произведен од јапонскиот производител Исузу. Моделот со три врати бил воведен во 1989 година, а во 1990 година следуваше верзијата со пет врати наречена Исузу МУ Визард, и двете престанале да се произведуваат во 1998 година бидејќи биле заменети од втората генерација. Овој пат, верзијата со пет врати била наречена единствено како Исузу Визард. Исузу произвел неколку варијанти на моделот и неговите деривати во други земји.
Произведувач | Исузу |
---|---|
Производство | 1989–2004 |
Наследник | За Опел/Воксхал: Опел Антара (Европа) Воксхал Антара (Обединето Кралство) За Исузу: Исузу Аскендер (Северна Америка) Исузу Алтера (Југоисточна Азија) За Хонда Паспорт: Хонда Пилот |
Класа | спортски автомобил (SUV) |
Вид каросерија | 3-врати караван 5-врати караван |
Верзијата со три врати била продавана како Исузу МУ и Хонда Џез во Јапонија, Исузу Амиго и подоцна како Исузу Родео Спорт во САД. Низ цела континентална Европа, моделот со три врати се нарекувала Опел Фронтера Спорт, а Воксхал Фронтера Спорт користена во Велика Британија и Холден Фронтера Спорт во Австралија.
Верзијата со долго меѓуоскино растојание (пет врати) била достапна како Исузу Визард во Јапонија, а во Северна Америка како Исузу Родео и Хонда Паспорт. Опел, Воксхал и Холден, исто така, продавале и верзии со пет врати како Опел Фронтера, Воксхал Фронтера и Холден Фронтера. Се продавал и како „Шевролет Фронтера“ во Египет, „Исузу Камео“ и „Исузу Вега“ во Тајланд, „Исузу Фронтиер“ во Јужна Америка и како „Шевролет Родео“ во Еквадор, Колумбија и Боливија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.