Холандско колонијално царство (холандски: Nederlandse koloniale rijk) е составено од прекуокеанските територии и трговски места управувани и под контрола од холандските овластени компании, најчесто од холандската западноиндиска компанија и холандската источноиндиска компанија - и преку нив од Холандската Република (1581-1795) и потоа од Кралството Холандија (по 1815).[1] На почетокот целта за освојувањето на овие територии била трговијата, и најчесто се користело влијанието на трговското претпријатие и холандската контрола на меѓународните поморски бродски патишта за да се основаат трговски места на стратешки локации, а немало намера за експанзионистички територијални потфати.[1][2] По Шпанија и Португалија, Холандија била трета Европска држава која основала колонијално царство.

Кратки факти Холандско колонијално царство Nederlandse koloniale rijk ...
Холандско колонијално царство
Nederlandse koloniale rijk
Thumb Thumb
Знаме Грб
Thumb
Анахроно[б 1] Холандско колонијално царство
  Територии управувани или потекнуваат од териториите управувани од Холандската источноиндиска компанија

  Територии управувани или потекнуваат од териториите управувани од Холандската западноиндиска компанија

Портокаловите квадратчиња ги покажуваат помалите трговски места, таканаречени ханделспостен.
Анахроно[б 2] Холандско колонијално царство
  Територии управувани или потекнуваат од териториите управувани од Холандската источноиндиска компанија

  Територии управувани или потекнуваат од териториите управувани од Холандската западноиндиска компанија

Портокаловите квадратчиња ги покажуваат помалите трговски места, таканаречени ханделспостен.
  1. Никогаш Холандското царство истовремено не управувало со сите територии прикажани на картата. Картата ги покажува сите места кои во одреден период биле под власта на Холанѓаните.
  2. Никогаш Холандското царство истовремено не управувало со сите територии прикажани на картата. Картата ги покажува сите места кои во одреден период биле под власта на Холанѓаните.
Затвори

Со неколку исклучоци, најголемиот дел од прекуокеанските поседи на Холандско колонијално царство биле крајбрежни тврдини, фабрики и пристанишни населби кон кои подоцна биле придодавани и нивните околни региони.[2] Холандските овластени компании честопати се труделе да ги изолираат своите имоти за да се избегнат непотребни трошоци,[3] и додека некои како Холандската колонија Кејп и Холандската Источна Индија и се прошириле (поради притисокот на независните холандски колонисти), други останале неразвиени, изолирани трговски центри зависни од околината во која се наоѓале.[2] Ова било основната цел на Холандско колонијално царство: трговска размена наспроти суверенитет врз хомогени копна.[2]

Империјалистичките амбиции на Холанѓаните растеле заедно со силата на нивната бродска индустрија, и нејзината улога во проширувањето на поморската трговија меѓу Европа и Ориентот.[4] Бидејќи малите европски трговски компании честопати немале доволно капитал или работна сила за обемни активности, Генералните Држави на почетокот на седумнаесеттиот век ги овластиле поголемите организации - Холандската западноиндиска компанија и Холандската источноиндиска компанија.[4] Овие биле своевремено најголемите поморски трговски компании, и едно време имале монопол врз стратешките европски бродски рути кон запад преку Јужната полутопка околу Јужна Америка преку Магелановиот Проток и кон исток околу Африка, покрај 'Ртот Добра Надеж.[4] Нивната доминацијата во глобалната трговија во голема мера ја поттикнала трговската револуција и културниот процут во Холандија во 17-тиот век, познат како Холандско златно доба.[5] Во потрага по нови трговски премини меѓу Азија и Европа, холандските морепловци ги истражувале и ги оцртувале бреговите на далечните региони како Австралија, Нов Зеланд, Тасманија и делови од источниот брег на Северна Америка.[6] За време на периодот на протоиндустријализација, 50% од текстилот и 80% од свилата се увезувале од индиското Могулско царство, најчесто од нејзиниот најразвиен регион - Бенгалски Субах.[7][8][9][10]

Во 18 век, по Четвртата англо-холандска војна (1780-1784), во која Холандската Република загубила голем број од своите колонијални поседи и трговски монополи за сметка на Британската империја, кога им бил одземен и Могулскиот Бенгал во битката кај Пласеј од страна на Источноиндиската компанија.[11][12][13] Сепак, во царството останале многу територии до појавата на глобалната деколонизација по Втората светска војна, имено Источна Индија и Холандска Гвајана.[14] Три поранешни колонијални територии на островите на Западните Инди околу Карипското Море - Аруба, Курасао и Свети Мартин - и понатаму се конститутивни земји на Кралството Холандија.[14]

Поранешни холандски колонијални поседи

  • Холандскa Источнa Индиja преку владеењето на компанијата (1603–1949) и Холандска Нова Гвинеја (до 1962 година)
  • Холандска Индија (1605–1825)
  • Холандски Златен Брег (1612–1872)
  • Нова Холандија (1614–1667, 1673–1674)
  • Холандски Гвајани (1616–1975)
  • Холандска Формоза (1624-1662) и Килунг (Форт Норд-Холандија; 1663-1668)
  • Холандски Девствени Острови (1625-1680)
  • Холандски Бенгал (1627–1825)
  • Холандски Бразил (1630–1654)
  • Холандски Маурициус (1638–1710)
  • Холандски Цејлон (1640–1796)
  • Холандска Малака (1641–1795, 1818–1825)
  • Холандска колонија Кејп (1652–1806)
  • Холандски Малабар (1665-1795)
  • Холандски Суринам (1667–1954)
  • Њу Холандија (Акадија) (1674-1678)

Поврзано

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.