From Wikipedia, the free encyclopedia
Хлодовик II, наречен „Мрзливиот“, роден во 635 и починат на 31 октомври 657, бил крал на Неустрија и крал на Бургундија од 639 па сè до неговата смрт.
Хлодовик II | |
---|---|
Крал на Франките од Неустрија и Бургундија | |
Златна монета од Хлодовик II (639-657). | |
На престол | 19 јануари, 639 – 31 октомври, 657 |
Претходник | Дагоберт I |
Наследник | Хлотар III |
Деца | Хлотар III Хилдерик II Теодорих III |
Династија | Меровинзи |
Татко | Дагоберт I |
Мајка | Нантилда |
Потпис |
Хлодовик II дошол на престолот по смртта на неговиот татко Дагоберт I, во 639. Дагоберт имал четири деца, а неговата жена Нантилда била регент во тек на нивното малолетство сè до нејзината смрт во 642. Понатаму владеењето на Хлодовик II се одвива под влијание на мајордомот на палатата на Неустрија Ега како и Ерхиноалд (или Аршамбо). Кралската резиденција тогаш била во Клиши.
Во 649, Хлодовик II се оженил со некоја англосаксонска слугинка што се викала Батилда (626-680). Купена во Јорк од страна на мајордомот Ерхиноал, таа била донесена во кралството на Франките за да се омажи со Хлодовик II. Од овој брак му се родиле тројца синови :
Хлодовик II умрел на 31 октомври 657, на 22 годишна возраст, после 18 години владеење како крал. Закопан бил во Сен-Дени, до неговиот татко Дагоберт.
Според една легенда, два сина на Хлодовик II дигнале бунт против својот татко во тек на некој поклонение во Светата земја. Тогаш, Хлодовик II ги победил и сакал да им ги изгори нервите на нозете. Двајцата браќа тогаш се амонашиле во опатијата Жумиеж која отпосле богато била дарувана од Хлодовик и Батилда. Оваа легенда нема никаква историска подлога: Хлодовик II не бил никогаш во светата земја а тој умрел на млада возраст така што неговите синови биле премногу мали за да креваат бунт против него.
Поглавје 1 од « Продолжението на хрониката на Фредегер » (околу 760) :
Хлодовик II Роден(а): 637 Починал(а): 655 | ||
Претходник Дагоберт I |
Крал на Неустрија и Бургундија 639–655 |
Наследник Хлотар III |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.