Хетероциклично соединение
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хетероцикличните соединенија се една од најголемата и најваријабилна фамилија на органски соединенија. Всушност, секое карбоциклично соединение (соединение кое се состои од јаглероден прстен), независно од структурата и функционалноста, во принцип може да се претвори во повеќе хетероциклични аналози со замена на еден или повеќе јаглеродни атоми со атоми на друг елемент. Дури и ако како хетероатоми се сметаат само кислород, азот и сулфур (кои се и најчестите хетероатоми во хетероцикличните соединенија), пермутациите и комбинациите на таквите распределби во карбоцикличните соединенија се огромни.