From Wikipedia, the free encyclopedia
Херцегбосански кантон или Кантон 10 (хрватски: Hercegbosanska županija; српски и босански: Kanton 10, Кантон 10) — еден од десетте кантони во Босна и Херцеговина, дел од Федерација Босна и Херцеговина. Кантонот се наоѓа во западниот дел од земјата. Управникот на кантонот се наоѓа во Купрес, владиното тело во Ливно, а собранието во Томиславград.[1] Овој кантон е еден од најпогодените за време на војната и истата има големи последици врз економскиот развој на кантонот.
Херцегбосански кантон Hercegbosanska županija (хр) | |||
---|---|---|---|
кантон | |||
Кукавичко Езеро | |||
| |||
Местоположба во БиХ и карта на општините. | |||
Координати: 44°14′N 18°12′E | |||
Држава | Босна и Херцеговина | ||
Ентитет | Федерација Босна и Херцеговина | ||
Гл. град | Ливно | ||
Општини | Ливно, Томиславград, Купрес, Гламоч, Босанско Грахово, Дрвар | ||
Управа | |||
• Премиер | Бранко Ивковиќ | ||
Површина | |||
• Вкупна | 4.934,1 км2 (19,051 ми2) | ||
Население | |||
• Вкупно | 84,127 | ||
• Густина | 17/км2 (40/ми2) | ||
Час. појас | CET | ||
Мреж. место | http://www.hbzup.com/ |
Хрватите во Кантонот го претпочитаат името Херцегбосански кантон, па така и локалните власти уште од самиот момент на формирање на истиот сакале така да се именува овој ентитет. Сепак, уставот на БиХ истото не го одобрил и останала работната верзија на името, Кантон 10, да се користи во официјална употреба. Хрватската верзија на името се однесува на Херцег-Босна (хрватски дел од тројната националистичка поделба на Босна и Херцеговина), и поради тоа Србите и Хрватите, а и Уставот на БиХ, сметаат дека името Херцегбосански кантон е со национален предзнак. Истиот проблем и истата постапка важи и за грбот и знамето на кантонот и поради тоа овој кантон е единствен кој сè уште нема официјален грб и знаме. Името Кантон 10 е по случаен избор, односно тој е десетти по ред при работната верзија на административната поделба на Федерацијата. Неофицијално кантонот е познат и како Ливански кантон (според главниот град) или Севернохерцеговски кантон.
Кантонот има површина од 4,934.1 км2, односно една десетина од вкупната површина на земјата.[2]
Во кантонот се наоѓаат следните општини:Ливно, Томиславград, Купрес, Гламоч, Босанско Грахово и Дрвар.
грб | општина | население[3] | површина (км2)[3] |
---|---|---|---|
Босанско Грахово | 3,091 | 780.0 | |
Дрвар | 7,506 | 1030.0 | |
Гламоч | 4,038 | 1033.6 | |
Купрес | 5,573 | 569.8 | |
Ливно | 37,487 | 994.0 | |
Томиславград | 33,032 | 967.4 |
Според пописот од 2013 година, во кантонот имало 115,726 жители, од кои 76,79% Хрвати, 12,96% Срби и 9.55% Бошњаци.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.