Херон Александриски (~ 10 – 70) — инженер и геометар од Александрија, Египет, во тогашното Римско Царство. Неговиот најпознат пронајдок е првата парна машина наречена еолипил. Се смета дека бил следбеник на атомизмот. Некои од идеите ги добил од Ктесибиј.
парна турбина (50/62/70) (еолипил) - првата парна машина, конструирана речиси 2000 години пред Индустриската револуција, придвижувана од парни машини. Оваа направа била сметана за играчка, и затоа нејзиниот потенцијал не бил реализиран со векови.
Првиот продажен автомат била исто така негов изум. Во неа се ставала паричка во отвор врз машината, и тогаш таа давала одредена количина на света вода. Оваа направа стои во списокот на изуми во неовата книга Механика и оптика.
Херон исто така измислил многу направи за грчкиот театар, вкучувајќи сосема механичка претстава со траење од десет минути, придвижувана од бинаровиден систем на јажиња и јазли.
Автомата, опис на машни кои прават чуда во храмови по механички или пневматички пат (на пр. автоматско отворање и затворање на врати во храм, статуи кои излеваат вино и др.). Видете автомати.
Механика, напишано за архитекти; содржи начини за подигање на тешки предмети.
Метрика, опис на метод на пресметување на плоштина и волумен на разни предмети.
За диоптрата, збирка методи за мерење на должини. Во ова дело е опиштан одометарот, како и направа налик на теодолитот.
O'Connor, J.J. и E.F. Robertson. „Heron biography“. MacTutor History of Mathematics archive. Посетено на 18 јуни2006.Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)