Херонова кугла
From Wikipedia, the free encyclopedia
Херонова кугла или еолопил - се смета за прва парна машина во историјата, која ја конструирал Херон од Александрија во I век. Херон загревал шуплива кугла со вода сè додека водата не проврела. Пареата излегувала од две цевки, свиени во спротивни насоки и така предизвикувале вртење на куглата.[1] Второто име доаѓа од старогрчкиот бог и господар на ветриштата – Еол и зборот пил што значи кугла. Иако слична направа опишува и Витрувиј, стотина година порано, Херон прв ја остварил таа идеја.[2]