Херакле
старобалкански и римски митолошки јунак / From Wikipedia, the free encyclopedia
Херакле, Херкул (старогрчки: Ἡρακλῆς, латински: Hercules) — старобалкански полубог, син на Зевс и на смртната жена Алкамена.[1] Најстарите римски извори укажуваат дека легендата за овој јунак во Стариот Рим била преземена од Грција и таа се надоврзува на митскиот италијански овчар Рекаран или Гаран, познат по својата физичка сила. Покрај наследените митски и иконографски особини, римскиот Херкул се одликувал и со низа особини кои биле типично римски. Така, името Херкулес не е директно позајмено од грчкото име Херакле, туку претставува модификација на етрурското име Херкелер. Инаку, зборот Херакле буквачно значи „во слава на Хера“.