From Wikipedia, the free encyclopedia
Хенри Греј (17 јануари 1515 - 23 февруари 1554 ) — англиски глагородник и татко на Лејди Џејн Греј. првиот носител на титулата војвода од Сафолк.
Хенри Греј | |
---|---|
Роден(а) | 17 јануари 1517 |
Починал(а) | 23 февруари 1554 37) | (возр.
Звање | војвода од Сафолк |
Сопружник | Лејди Френсис Брендон (1533-1554) |
Деца | Лејди Џејн Греј Лејди Катерина Греј Лејди Марија Греј |
Родители | Томас Греј Маргарита Вотон |
Хенри Греј преку својот татко бил правнук на Едвард IV и неговата сопруга Елизабета Вудвил. По смртта на неговиот татко, тој ја наследил титулата гроф од Дорсет. Во 1533 година, со дозвола од кралот Хенри VIII се оженил за Лејди Френсис Брендон, ќерка на сестрата на кралот, Марија и Чарлс Брендон. Од тој брак преживеале три деца: Лејди Џејн Греј , Лејди Катерина Греј и Лејди Марија Греј.
Пред смртта на Хенри, во 1547 година, тој активно бил вклучен во политичкиот живот на земјата. По смртта на кралот, Хенри Греј започнал да го поддржува Едвард Симор. Во 1549 година бил вклучен во работата на советот на парламентот. По смртта на Чарлс Брендон, третиот војвода од Сафолк, тој ја наследил таа титула.
Пред смртта на болниот Едвард VI, било одобрено барањето за брак на Гилдфорд Дадли со Џејн Греј. Со ова, Џејн по смртта на кралот, била прогласена за нов владетел на Англија. Но самото крунисување било оневозможено од страна на Марија I, каде во февруари 1554 година Џејн била симнета од власт. По неколку денови, и Хенри бил уапсен и погубен.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.