![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/86/Internal_and_external_hemorrhoids.png/640px-Internal_and_external_hemorrhoids.png&w=640&q=50)
Хемороид
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хемороиди или мајасил — едно од најчестите заболувања кај луѓето и имаат тенденција да рецидивираат. Тие се проширени и воспалени крвни садови во и околу анусот и долниот дел на ректумот. Се претпоставува дека повеќе од половина од популацијата ќе се соочи со овој непријатен проблем до својата 50 година од животот. Се манифестираат и кај машките и кај женските лица подеднакво. Појавата е позачестена над 50-годишна возраст, бидејќи сврзното ткиво на крвните садови во ректумот и аналниот отвор со текот на годините старее и ја губи својата еластичност. Хемороидите се честа појава во текот на бременоста, но тоа не се поврзува со губење на еластицитетот на крвните садови.
Хемороид | |
---|---|
![]() | |
Изглед на хемороиди (внатрешни и надворешни) | |
Специјалност | Општа хирургија ![]() |
Непријатното чувство во пределот на анусот кое вклучува болка, силно пецкање, чешање и крвавење го сигнализира присуството на хемороиди, кои никако не смеат да се игнорираат.
За среќа, постојат третмани кои може да ги ублажат симптомите и целосно да ги излечат хемороидите.