Хемиска индустрија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хемиската индустрија се состои од компаниите кои произведуваат индустриски хемикалии. Централна кон модерната светска економија, таа ги претвора суровините (нафта, природен гас, воздух, вода, метали и минерали) во повеќе од 70.000 различни производи. Индустријата за пластика содржи некои преклопувања, бидејќи повеќето хемиски компании произведуваат пластика, како и други хемикалии.Хемиската индустрија, посебно тешката, претставува голем загадувач на животната средина. Таа ги опфаќа емисиите на најголемите токсични материи, првенствено амонијак, хлороводоник, фосфорна киселина, метанол, толуен, сулфурна киселина, сумпор-монооксид, метилетил-кетон, хлор, метилен-хлорида и трихлор-етан. Произведувачите се должни да ги следат и контролираат токсичните емисиии во склад со законските прописи и стандарди. Меѓународна организација за стандардизација (ISO) ја објавила серијата на стандарди за работа и управување со производството, како и заштита на животната средина воопшто.