град во Унгарија From Wikipedia, the free encyclopedia
Хевиз е бања и град во округот Зала, Унгарија, околу 8 километри (5 милји) од Кецтли.[1]
Градот се наоѓа во близина на езерото Хевиз, второто по големина светско термално езеро, но биолошки е најголемото активно природно езеро. Температурата на бањата е под влијание на комбинацијата на топли и ладни изворски води, кои доаѓаат од 38 метри под земја. Водата избива од неистражена пештера, со приближно 410 литри во секунда, со температура од 40 °C (104 °F). Биолошката стабилност на езерото е прикажана со температурата на водата, која не се менува со години [1] па дури и во најстудените зимски денови не паѓа под 24 °C (75 °F) . Тоа овозможува бањање во текот на целата година. Во текот на летото, температурата на водата може да достигне 37 °C (99 °F) .[1]
Лековитите својства на езерото биле добро познати со векови луѓето живееле тука дури и на крајот од каменото време. Основите на културата на бањата биле поставени од страна на Римјаните во II век. Градот и бањата почнале да се развиваат значително во 18 век, со помошта на семејството Фестетици , кои започнале научни истражувања за користење на водата за лекување.[2]
Градот обезбедува објекти за посетителите кои сакаат да ги користат медицинските води на езерото, вклучувајќи забава, хотели, паркови и спорт.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.