Ханукија или менора за Ханука — канделабар со девет гранки кој се користи за време на осумдневниот еврејски празник Ханука. На осум од деветте гранки се поставуваат свеќи (или маслени светилки) кои ги симболизираат осумте ноќи на празникот; секоја вечер се пали по една свеќа повеќе од претходната, додека последната ноќ не се запалат сите осум свеќи. На деветтата гранка стои свеќата, наречена шамаш („помошник“ или „слуга“), која се користи за палење на останатите осум.
Ханукијата го одбележува, но е различна од, менората со седум гранки што се користела во древниот храм во Ерусалим. Заедно со менората со седум гранки и Давидовата ѕвезда, таа е меѓу најраспространетите артикли на еврејската церемонијална уметност.[2]
Градба
За да биде кошер, шамашот мора да биде поставен на повисоко или пониско рамниште од главните осум свеќи (или маслени светилки), но постојат различни мислења за тоа дали сите свеќи мора да бидат поставени во права линија,[3] [4] или ханукијата може да биде и по крива линија.[5] [6]
Јавни настани
Ханукијата често се прикажува во јавноста во деновите на празникот Ханука во декември. Избрани званичници често учествуваат во јавното палење на ханукија.
Јавни збирки
Многу музеи имаат значајни збирки на ханукии, вклучувајќи ги и Израелскиот музеј, музејот на уметноста Метрополитен,[7] и Еврејскиот музеј, во Лондон кој ја поседува ханукијата Линдо (најстарата ханукија изработена во Британија).[8]
Има и збирка во малиот еврејски музеј во Рио де Жанеиро.[9]
Галерија
- Сребрена ханукија
- Македонска сребрена ханукија
- Американскиот претседател Хари С. Труман (лево) прима ханукија во Овалната соба како подарок од израелскиот премиер Давид Бен-Гурион (во средината) заедно со израелскиот амбасадор во САД Аба Ебан (десно), 1951 година
- Американскиот претседател Џими Картер (десно) пали ханукија со рабинот Абрахам Шемтов (лево) на плоштадот Лафајет, 1979 година
- Ханукија од 14 век во Историско-уметничкиот музеј на јудаизмот
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.