Ханза
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ханза (долногермански: Hanse, Dudesche Hanse, латински: Hansa, Hansa Teutonica или Liga Hanseatica) — стопански и одбранбен сојуз на трговски еснафи и градови, кои ја предводеле трговијата долж брегот на Северна Европа. Се протегал од Балтичкото до Северното Море, како и во внатрешноста кон крајот на средниот век и почетокот на новиот век (од XIII до XVII век).
Ханза Hanse/Hansa |
||
---|---|---|
Северна Европа во 1400, покажувајќи го ширењето на Ханзата
|
||
Главен град | Либек | |
лингва франка | среднодолногермански | |
членство | видете го списокот подолу | |
Основана | 1358 |
Сојузот бил создаден за да ги штити економските интереси и да обезбедува трговски привилегии за градовите и земјите долж трговските патишта. Градовите на Ханзата имале сопствен правен систем и поседувале војска за заедничка заштита и помош. И покрај овие одлики, организацијата не била држава, ниту може да се нарече конфедерација на градови-држави; само мал број на градовите во сојузот поседувале автономија и слобода споредена со слободните царски градови.[1]
Наследството на Ханзата може да се види и денес во неколку имиња, на пример германскиот авиопревозник Lufthansa (буквално: „Воздушна Ханза“), ФК Ханза Росток, Универзитет на применети науки Ханза во Гронинген, Холандија, пиварница Ханза во Берген, Ханзабанк во балтичките држави и Регата Ханза во Росток. ДДГ Ханза било големо германско бродско претпријатие од 1881 до неговиот банкрот во 1980.