Хадрон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хадрон старогрчки: ἁδρός, адрос, „крупен, дебел“) — сложена честичка која се состои од кваркови сврзани со силното заемодејство, како што молекулите се меѓусебно сврзани со електромагнетизмот. Поимот „хадрон“ прв го вовел рускиот теориски физичар Лав Окуњ на пленарната седница на Меѓународната конференција за високоенергетска физика во 1962 г.[1]
Постојат две семејства хадрони: бариони (сочинети од три кварка) и мезони (сочинети од еден кварк и еден антикварк). Протонот и неутронот се примери за бариони, а пионот е примери за мезон. Во поново време се откриени хадрони со повеќе од три валентни кварка, наречени „егзотични хадрони“. Во 2007 г. е откриен тетракварк (егзотичен мезон) наречен Z(4430)− во соработниот опит „Бел“[2] и потврден како резонанца во 2014 г. во соработката LHCb.[3] Во 2015 г. LHCb откриле два пентакварка (егзотични бариони), наречени P+
c(4380) и P+
c(4450).[4] Постојат уште неколку можни егзотични хадрони, а може да постојат и други кваркови бојно-синглетски комбинации.
Стабилни хадрони се протоните и неутроните врзани во атомското јадро. Останатите хадрони се нестабилни во вообичаени околности; слободните неутрони имаат полураспад од околу 611 секунди (малку над 10 минути). Хадроните опитно се изучуваат со судирање на протони или јадра на тешки елементи како оловото, и анализа на остатоците во честичното распрснување.