Хабаровск
град во Русија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Хабаровск ( руски: Хабаровск) е град во Русија и центар на Хабровскиот крај .
Градот се наоѓа на далечниот исток на Русија, на десниот брег на реката Амур, во Средноамурската низина. Хабаровск е оддалечен 30 километри од границата со Кина, а 8533 километри источно од Москва .
Според пописот во 2010 година, во градот живееле 577 668 жители. Површината на градот е 37,2 илјади хектари.
Градот е основан во 1858 година како воена станица. Името го добил по рускиот истражувач од 17 век, Ерофеј Хабаров. Од 1880 година, градот бил административен центар на Приморската област, од 1884 година - административен центар на Пријамурското генерало гувернерство. Во 1893 година беше преименувано во Хабаровск.
Во ноември 1922 година како дел од Далечноисточната Република, таа припаѓаше на Советскиот Сојуз .
Во 1926 година градот стана административен центар на Далечноисточниот крај, од 1938 година - крај на Хабаровск.
Во Хабаровск има железничка станица, аеродром и речно пристаниште.
Хабаровск се наоѓа на Транссибирската железница и е важна станица на неа.