From Wikipedia, the free encyclopedia
Фунафути (тувалски: Funafuti) — атол во Тувалу кој служи како главен град на државата. Фунафути е исто така еден од деветте окрузи во Тувалу. Фунафути, според пописот од 2002 година, имал население од 4,492 жители, што е најнаселен атол во земјата. Атолот е широк од 20 до 400 метри и во средината се наоѓа лагуна која има 188 километри должина, 14 километри широчина и има површина од 275 км2, што ја прави најголема лагуна во Тувалу. Вкупната површина на копното на Фунафути изнесува 2.4 км2, што е помалку од еден процент од вкупната површина на земјата. На Фунафути има писта, хотел и административни згради, како и станбени објекти изградени на традицинален начин од палма или од цимент. Најистакнат објект на островот е Црквата во Тувалу.
Фунафути Funafuti | |
---|---|
атол | |
Училиште во Фунафути | |
Поглед кон атолот Фунафути | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Тувалу" does not existМестоположба во Тувалу. | |
Координати: 08°31′S 179°13′E | |
Држава | Тувалу |
Површина | |
• Вкупна | 2,4 км2 (9 ми2) |
Население (2002) | |
• Вкупно | 4.492 |
• Густина | 190/км2 (480/ми2) |
Атолот е составен од неколку помали островчиња. Најголемо островче е Фонгафале, каде се наоѓаат четири села вклучувајќи го и Ваијаку кој е седиште на владата. На Фунафути има две основни училишта и едно средно училиште. Бидејќи Тувалу нема градови, целиот атол официјално се смета за главен град, но некогаш како главен град се смета Фонгафале или Ваијаку.
Остатокот од Фонгафале со полуостровот Тенгако на север имаат:
Лагуната или на тувалски позната како TeNamo е најголемата лагуна во Тувалу. Таа има 24.5 километгри должина, 17 километри ширина и површина од 275 км2. Најдлабоката измерена точка е 52 метри, но има карпи кои можат да се достигнат на 6 метри длабочина.[1]
Фунафути е составен од најмалку 33 островчиња. Најголем од сите е Фонгафале, кој е проследен од Фунафала. Најмалку три острови се населени, односно Фонгафале, Фунафала и Аматуку.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.